Грчката полиција уапси двајца Бугари осомничени за транспорт на мигранти

во категорија Регион од

Полицијата во северна Грција спаси 54 мигранти, пронајдени во комбе и уапси двајца Бугари, осомничени за транспорт на мигрантите.

Во полицискиот извештај се наведува дека превозното средство било запрено вчера на пат во североисточна Грција. Мигрантите, 52 Сиријци и двајца Сомалијци, биле сместени во задниот дел на комбето, на простор од 4,5 метри, без вентилација и заклучени однадвор. Меѓу нив имало и 13 деца.

Двајцата Бугари, на возраст од 36 и 38 години, се обвинети за нелегален транспорт на мигранти и за загрозување на нивниот живот. Полицијата денеска соопшти дека секој од возрасните мигранти платил по 1.500 евра за да бидат превезени од копнената граница со Турција, која ја преминале илегално, до Солун. /MIA

Leave a Reply

Your email address will not be published.