Светски билтен

во категорија Бизнис од

Барселона – Градските власти во Барселона воведоа нови мерки на новите хотели во центарот на градот, за да го намалат бројот на туристите во пребукираните делови на каталонскиот главен град.

Истовремено на популарните Балеари усвоен е закон за намалување на слободните туристички кревети, пишува шпанскиот весник „Паис” прашувајќи се колку уште туристи Шпанија може да издржи.

Вашингтон – Задолженоста на Американците во второто тромесечје оваа година достигна рекордно ниво од речиси 12.500 милијарди долари. Задолженоста порасна благодарение на умерениот раст на хипотекарните и кредитите за автомобили, а потоа и на долгот по кредитните картици.

Детроит – Компанијата Фијат Крајслер се здружува со БМВ и Интел во развој на автономен систем за возење. Компаниите соопштија дека тој систем за самовозечки возила ќе го користат производителите во целиот свет, а ќе биде доволно флексибилен да може да се задржи идентитетот на брендовите.

Лондон – Финансиската групација Ројал банк оф Скотланд ги обавести вработените за укинување на уште 40 отсто од IT работните места во филијалите на банките во Лондон до 2020 година. Тоа го соопшти британската синдикална организација Јунајт (Unite). Заедно со 65-процентното намалување на бројот на агентите за продажба вработени во банката, вкупно ќе бидат отпуштени 880 луѓе, се наведува во соопштението на синдикатот.

Лондон –Малопродажните цени во Велика Британија се зголемени за 2,6 отсто на годишно ниво. Тоа е помалку од очекуваната инфлација, соопшти британската статистичка служба. Економистите очекуваа раст од 2,7 отсто. Сепак, новите податоци и понатаму ја држат инфлацијата над целта од 2 отсто, која ја постави централната банка.

Вашингтон – Големиот долг на Кина е на „опасно” ниво, кое го зголемува ризикот од остар пад на стопанскиот раст, предупреди ММФ. ММФ го повика Пекинг да ги забрза структурните реформи. ММФ кој во повеќе наврати ја предупредуваше Кина поради зголемувањето на долгот, во новиот извештај наведе дека Кина која е втора светска економија, мора да покрене одржлив раст.

Љубљана – Во Словенија до сега се регистрирани речиси 1.200 возила на хибриден и електричен погон. Според амбициозниот национален енергетски план, тие автомобили би биле една шестина од вкупниот број на автомобили веќе во 2030 година, во што некои се сомневаат.

Leave a Reply