Комплетирано четвртото коло во претквалификациите за Светското кошаркарско првенство 2018

во категорија Спорт од

Во претквалификациите за Светското кошаркарско првенство кое следната 2018 година ќе се одржи во Кина, комплетирано е 5.коло во европската зона.
Во групата А во која играат четири репрезентации, победи на синоќешните средби забележаа гостинските репрезентации. Швадска славеше на гости кај Босна и Херцеговина со 88-72, а Ерменија во Словачка со 92-78. Табела: Ерменија 7 бодови, Шведска 6, БиХ 6, Словачка 5. Австрија убедливо ја совлада Албанија со 97-63 во дуел од Б групата во која слободна во оваа коло беше селекцијата на Холандија.

На табела водечка е Австрија 5 пред Холандија со 4 и Албанија со 3 бода. Победата над Македонија против Косово со 87-74 го враќа црвено-жолтите во игра за пласман понатаму, бидејќе сега сите три репрезентации имаат по четири бода. Табела: Естонија 4, Македонија 4, Косово 4.

И во последната Д група, Бугарија немаше проблеми со Португалија против која оствари вискока победа со 91-65. Бугарите имаат максимални 6 бода, додека Белорусија и Португалија по 3. Следната претпоследна рунда во претквалификациите на програмата е веќе во среда.

Leave a Reply