Во Босна влегле 40.000 Арапи, од почетокот на годината

во категорија Регион од

За седум месеци од годинава во Босна и Херцеговина (БиХ) влегле 42.627 граѓани од арапските земји, објави сараевски Дневни аваз, повикувајќи се на податоци од Граничната полиција на БиХ.


Според овие податоци, најголем број Арапи што влегле во БиХ доаѓаат од Обединетите Арапски Емирати и тоа 19.887, а потоа од Кувајт 11.103, додека на трето место се граѓаните на Саудиска Арабија, од кои за седум месеци влегле 9.385.
На четврто и петто место се наоѓаат граѓаните на Катар 1.531 и на Јордан 721.
Во БиХ веќе се изградени бројни арапски населби, а ова е првпат граничната полиција да соопшти за бројот на арапски државјани што влегле во земјата.

Leave a Reply