ШТО ЗНАЧИ ТОА ГЕРМАНЕЦОТ ИМА СИСТЕМ

во категорија Регион од

Германската фудбалска федерација повеќе од една деценија успешно го води програмот за развој на младите таленти од каде репрезентацијата црпи играчи кои на земјата ѝ носат само и само успеси.

1. Државна програма за развој на талентирани фудбалери

Кај нас ретко кој слушнал за програмата Talentforderung, благодарение на која во Германија секоја година се појавуваат по 5-6 млади ѕвезди, а и ретко кој знае како таа работи.

За да ја поедноставиме, ќе го земеме за пример 6-годишниот жител на Брауншвајг, Торстен.

Торстен обожава фудбал и никогаш не го соблекува дресот на репрезентацијата. Пред неколку дена добил покана за проба во еден од координираните тренинг центри, недалеку од дома. Денес, заедно со стотина други врсници од истиот округ, Торстен ќе се обиде да влезе во најдобрата група. Задачите се едноставни: силен и прецизен шут, контрола на топка при водење, поминување ’змија’ низ поставени сталки.

Торстен имал среќа: Неговиот успех на теренот го оцениле добро и го ставиле во подобра група (помалку талентираните одат во послаба група). Сега неговиот развој внимателно ќе го посматраат неколку специјално обучени тренери. Ако Торстен и натаму добро се развива после некое време од тренинг-центарот ќе го преместат во фудбалската академија.

Треба да се нагласи дека само пет деца од 1.000 (илјада) од тренинг-центарот преминуваат во академиите на професионалните клубови, а оттаму обично еден завршува во првиот тим. Но сега му е шансата на Торстен.

Кога ќе ја погледнете густината на локациите на тренинг-центрите во Германија на мапа, ќе видите дека е покриена целата земја. Фудбалската федерација отвора вакви академии како супермаркети. Од најдалечната до првата до неа има еден час возење.

Што учат јуниорите во тие центри:

– Спретност и подвижност во играта со топка;
– Дриблинг со нагла промена на темпо;
– Сите можни легални фудбалски трикови, финти и други нестандардни постапки;
– Прецизност на удар со глава после скок со една или две ноз;
– Тактичо завршување на ситуација еден-на-еден, како при напад така и при одбрана на сопствениот гол.

Во секој од овие 390 тренинг-центри внимание не му се придодава само на занаетот на младите фудбалери, туку и на семинари за регионални тренери (Info-Abend).

Помош на тренинзите, високи квалификации, дискусија за најголемите таленти (од 12 до 15 години), програма за тренинг за нивен развој итн. Германскиот фудбалски сојуз организира такви информациони вечери мошне често. Во претходните 10 години на такви вечери/состаноци учествувале повеќе од 200.000 специјалисти од 5.000 клубови (воглавном аматерски клубови).