Таравари вечерва ненајавено испратил инспекции во четири клиники

во категорија Бизнис од

Министерот за здравство Арбен Таравари вечерва испратил ненајавена инспекција во Клиниката за гинекологија и акушерство, а инспектори во моментот вршат увид и во работата на уште три клиники, објави Нова ТВ.

Засега нема информации кои се другите клиники каде што вечерва влегле санитарната и здравствена инспекција .

На Клиниката за гинекологија само во првите пет месеци од оваа година починаа 61 новороденче.

Според информациите до кои дојде Нова ТВ, се проверува целокупното работење на клиниките, а приоритет е хигиената.