Новинарите пијат премногу, лошо владеат со емоциите и функционираат послабо од просекот

во категорија Македонија од

Според една нова студија, мозокот на новинарите покажува дека нивото на донесување одлуки е пониско од просечниот ум, што значи дека имаат под-просечна способност да ги регулираат своите емоции, да ги потиснуваат предрасудите, да решаваат сложени проблеми, да се префрлаат од задача на задача и да покажуваат креативно и флексибилно размислување, пренесува businessinsider.

Во студијата, предводена од Тара Сварт, научник невролог и водечки едукатор, во текот на седум месеци се анализирале 40 новинари од весници, списанија, емисии и онлајн платформи.

Учесниците учествувале во тестови поврзани со нивниот начин на живот, здравјето и однесувањето.

Студијата е направена во соработка со Лондонскиот прес-клуб, а целта била да се утврди како новинарите можат да напредуваат под стрес.

Секој субјект направил тест за крвта, носел монитор за пратење на срцето три дена, пишувал дневник за внесот на храна и пијалок една недела и пополнил прашалник за профилот на мозокот.

Резултатите покажале дека мозокот на новинарите функционира на пониско ниво од просечната популација, особено поради дехидрација и тенденција на новинарите да се лекуваат сами со алкохол, кофеин и храна што содржи високо ниво на шеќер.

Четириесет и еден процент од испитаниците рекле дека пиеле 18 или повеќе единици алкохол неделно, што е четири единици над препорачаната неделна количина. Помалку од 5 отсто пиеле препорачана количина на вода.

Сепак, во интервјуата спроведени во врска со резултатите од профилирањето на умот, учесниците навеле дека сметаат дека нивните работни места имаат големо значење и цел, и покажале висока ментална отпорност. Сварт мисли дека ова им дава предност во справувањето со работниот притисок со кратки рокови над луѓето во другите професии .

Новинарите постигнале прилично високо ниво:

Апстрактото размислување, способност да се справат со идеи повеќе отколку со настани. Тоа е поврзано со дел од мозокот каде што се одвива најсофистицираното решавање на проблеми. Со други зборови, ја истакнува можноста да размислуваат надвор од рамките и да наоѓаат поврзаност на факти каде што другите не би ги виделе.

Селектирање на вредности, способност да се одредуваат вредности на различни сетилни знаци, како на пример дали нешто е приоритет или има значење. Високите оценки во оваа област укажуваат на добрата способност да ги „просеат“ информациите и да да го одберат најважното.

Новинарите постигнаа пониски резултати во:

Извршна функција. Како и оние споменати погоре, ниските резултати во одлучувањето сугерираат дека новинарите имаат лош сон, лоша исхрана, дека малку вежбаат и не се свесни за тоа. Многу учесници изјавиле дека немаат време за паузи додека работат.

Стишување на умот, што е поврзано со способноста да се мисли без да се одвлече вниманието на други мисли, или моќна способност за фокусирање. Ниските оценки укажуваат на спротивното, што укажува на тоа дека новинарите имаат тешкотија во спречувањето да не се грижат за иднината или да не жалат за минатото.

Во споредба со банкарите, трговците или продавачите, новинарите покажаа дека се способни да се справат со притисокот. Особини кои го прават новинарството стресна професија се крајните рокови, одговорност кон јавноста, непредвидливиот и тежок обем на работа, јавен надзор, реперкусиите врз социјалните медиуми и пониските плати.

Меѓутоа резултатите покажаа дека новинарите во просек не се физички под стрес повеќе отколку просечниот човек. Тестовите на крвта покажале дека кај нив нивото на кортизол – познат како хормон на стресот – е најчесто нормално.

„Крајниот заклучок е дека новинарите несомнено се под голем притисок и на работа и дома, но значењето и целта што тие ја припишуваат на нивната работа придонесува за тоа и понатаму да останат ментално отпорни и покрај сѐ“, се вели во студијата. „Сепак, постојат области каде е можно подобрување, а тоа вклучува и пиење повеќе вода и намалување на потрошувачката на алкохол и кофеин за да се зголеми функционирањето и да се подобри опоравување за време на спиењето“.
Подготви: А.Ј.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.