Дете нашло бомба и ја однело во градинка да се пофали

во категорија Бизнис од
Вработените на една градинка во Германија се вознемириле кога забележале дека едно од децата во зградата донело бомба.

Детето ја пронашло бомбата останата од Втората светска војна во текот на прошетка во една шума во близината на гардот Дармштат во централниот дел на Германија и решило да ја однесе во градинката за да се пофали пред другарчињата.

Воспитувачката откако го забележала необичниот предмет на една од полиците повика полиција, а децата биле евакуирани на игралиштето пред градинката.

Пиротехничарите веднаш излегле на увид и ја однеле бомбата на сигурно, по што на децата им било дозволено да се вратат во зградата.

Името и возраста на детето кое ја донело бомбата не се објавени.