Демонстрантите со шишиња и петарди, полицијата со водени топови и солзавец во Хамбург

во категорија Свет од

Неколку илјади демонстранти се собраа денеска во Хамбург на протест против одржувањето на Самитот Г20, под слоганот „Разбијте го Г20“ и „Добредојдовте во пеколот“. На самитот во Хамбург ќе пристигнат светските лидери меѓу кои претседателите на Русија, САД и Кина.

Откако екстремните активисти почнале да ја гаѓаат полицијата со шишиња, петарди и други предмети, таа возвратила со водени топови и солзавец.

Според полицијата, на протестот учествувале околу 8.000 демонстранти.

Екстремниот левичарски „црн блок“ вклучува неколку стотини активисти кои се облечени во црно и носат огромен црн балон.Воочи и во текот на дводневниот самит се очекуваат околу 100.000 демонстранти. За обезбедување на самитот се ангажирани околу 20.000 полицајци.

Полицијата очекува повеќе од 100.000 протестанти за време на Самитот утре, јави Асошиетед прес.