10-годишно дете со леукемија, со емотивна порака до Синиша: Се надевам дека еден ден ќе се сретнеме, јас на трибина, вие на теренот

во категоријата Спорт

10-годишно дете по име Мирко боледува од леукемија. Тој го слушна Синиша Михајловиќ на прес-конференцијата, и му испрати емотивна порака да се бори со оваа болест со која и тој се бори.

„Јас сум Мирко, дете од 10 години со големи квалитети. До октомври 2018 бев нормално дете. Си играв, одев во училиште и ја поддржував Парма. Тогаш во октомври отидов во болница, имав леукемија. Не знаев што е тоа, но дознав се за оваа болест и тргнав во борба. Најголема помош добив од фудбалерите на Парма Гацало и Инглезе. Одев на стадион, и тие месеци ми помогнаа да минам низ таа борба. Во мај ја примив лошата вест. Третманите не беа доволни, морав на трансплатација. Освен тоа, првенството беше завршено. 14 мај имав трансплатација на коскена срж и сега се чини дека се е во ред. Видов на прес-конференцијата дека сите се тажни. Никој не го разбира стравот повеќе од мене. Иако имам 10 години, стравот е еднаков. Сакам да ви кажам да не се откажете, да испуштате толку солзи затоа што тие се знак на сила и да направите се што можете. Се надевам дека ќе ви помогнам со мојот состав. И којзнае, можеби еден ден ќе се сретнеме, јас на трибините, вие на теренот. Посебна прегратка од Мирко. И запамтете, некогаш волкот не е толку злобен колку што изгледа“, напиша Мирко.

Извор: https://sportmedia.mk/