ЌЕ ИМА УШТЕ ЕДНА ТРАНСФЕР БОМБА: Манчестер Ј. ќе плати 70 милиони фунти за голгетерот на Лил

во категоријата Спорт

Раководството на Манчестер Јунајтед планира да направи уште еден голем трансфер ова лето. Британски „Мирор“ денеска објави дека менаџментот на „Црвените ѓаволи” веќе контактирал со Лил за нивната голема ѕвезда Николас Пепе.

Пепе се проценува на 70 милиони фунти, а Лил тешко дека ќе ја намали сумата за негова продажба. Арсенал и Ливерпул исто така беа заинтересирани за играчот, но се чини дека ниту „топчиите“ ниту „црвените“ немаат намера да ја платат бараната цена.

Сега Манчестер Ј. е главен фаворит за потписот на Пепе, кој се очекува да го замени Ромелу Лукаку, кога тој ќе потпише за Интер.

Извор: https://sportmedia.mk/