Ќе има ли уште некоја „трансфер – бомба” до полноќ!?

во категоријата Спорт

Вечерва на полноќ завршува зимскиот преоден рок. Значи остануваат уште неколку часови во кои нашите прволигашки клубови ќе можат да ангажираат нови играчи. Во текот на денешниот ден се очекува промоција на Фелипе, веројатно ќе има барем уште едно ново име.

Од друга страна пак Работнички и Шкендија, барем според нашите информации, подготвуваат по едно изненадување. Останатите клубови, освен со мали исклучоци веројатно ќе го преспијат денешниот последен ден од зимскиот преоден рок.

Сепак останува да почекаме до вечерва до 24 часот. Инаку досегашниот преоден рок го одбележаа трансферите на Агим Ибраими и Зени Хусмани (Шкендија), Баже Илијоски и Дејан Блажевски (Работнички), Даниел Аврамовски (Вардар), Кристијан Стојкоски (А Пандев), Остоја Стјепановиќ (Македонија ЃП), силните засилувања во Ренова, потоа странците во Шкупи, србинот Рајковиќ во Силекс и уште неколку. Сепак да почекаме до полноќ а потоа ќе сумираме кој клуб најмногу се засили.

Извор: https://sportmedia.mk/