Ќе биде отворен нов граничен премин кон Грција во преспанскиот регион

во категоријата Македонија

Работни групи на техничко ниво од Република Македонија и од Република Грција, како и претставници на Делегацијата на Европската Унија, денеска во Скопје оддржаа состанок на кој се разговараше за подготвителните активности за отворање на нов граничен премин во месноста Маркова Нога и на територијата на населеното место Лемос на грчка страна, во Преспанскиот регион.

На состанокот беше потврдена намерата на двете земји реализацијата на овој стратешки проект да започне што побргу, во интерес на жителите на двете страни од границата.

Средствата за изградба на граничниот премин ќе бидат обезбедени од ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Грција во вредност од околу 4 милиони евра.

– Отворањето на овој граничен премин ќе ги зајакне врските меѓу двете земји и ќе ја олесни комуникацијата и движењето на луѓе и стоки. Во духот на Европските вредности, прекуграничната соработка подразбира намалување на бариерите за соработка меѓу земјите и луѓето во регионот, заради обезбедување на услови за подинаминачен развој. Станува збор за прекуграничен регион, кој што стагнира во развојот. Убеден сум дека со наша иницијативност и со подршка од Европската Унија, ќе успееме да создадеме услови овој приреден потенцијал да биде ставен во функција на развојот на регионот и на граѓаните кои што живеат на двете страни од границата, рече министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу.

ТВ21 АНКЕТА

Loading ... Loading …

Извор: https://tv21.tv/