Јуниорките завршија на 21. место во Б Дивизија, падна и Косово

во категоријата Спорт

Македонската женска јуниорска репрезентација со шест порази и две победи го заврши Европското првенство Б Дивизија кое се одржува во Скопје. Избраничките на селекторот, Жаклина Стојановска во дуелите се најслабите селекции на ова натпреварување покажаа дека нијанса се подобри. По триумфот над Албанија, јуниорските денеска го совладаа и Косово со 65-86 (16-16, 22-17, 10-29, 17-24) во битката за 21 место.

Почетокот на мечот не беше блескав, но затоа крајот беше „магичен“. Првпат во овие изминати денови девојките се почувствуваа моќно, поквалитетно од противникот, па колку толку добија на самодоверба, која по првите шест меча речиси како да ја загубија, што пак е очекувано.

По 38-35 на полувремето, „црвено-жолтите“ беа одлични во третата четвртина добивајќи ја со 29-19. На индентичен начин го завршија и последниот период, на крајот сосема заслужено се радуваа.

 

Извор: https://sportmedia.mk/