Јувентус го откажа трансферот на Дибала во Тотенхем, го спрема за размена!!!

во категоријата Спорт

Е сега Пауло Дибала ќе игра по нотите на Јувентус! Откако претходно му откажа супер зделка на Манчестер Јунајтед и инсистираше да остане во Торино, Јувентус одлучи да фрли поинаква карта. Англиски „Би-би-си“ јавува дека зделката пропаднала иако двете страни се договориле околу трансферната сума, а Покетино го убедил играчот да дојде на „Вајт Харт Лејн“.

Но Јувентус повлече рачна. Откажа да го пушти Дибала во Тотенхем за сума од 75 милиони евра!

„Старата дама“ има поинакви планови. Го спрема аргентинскиот репрезентативец за размена. Со оглед на тоа дека Ромелу Лукаку пристигна во Интер, а Мауро Икарди е на излезна врата, италијанскиот првак решил да направи зделка со „нероаѕурите“.

Да им го даде Дибала, а да го земе Икарди. И онака Јувентус не смета на Аргентинецот, а Интер очајно сака да се ослободи од проблематичниот напаѓач. Така двата клуба ќе имаат бенефит.

Извор: https://sportmedia.mk/