Јован Митревски наместо Артан Груби ќе ги филтрира вработувањата во новата УБК

во категоријата Македонија

Претеникот Јован Митревски е именуван за член на комисијата за избор на вработените во новоформираната Агенција за национална безбедност. Тој доаѓа наместо Артан Груби кој одби да седне на таа позиција поради други обврски. Од пратениците за член е избран и Трајчо Димков. Во оваа комисија пратениците ќе имаат набљудувачка улога, а дел од обврската ќе им биде и да ги филтрираат вработените кои ќе преминат од УБК во новата агенција. Во Комисијата за селекција, како што дознава Алсат, ќе бидат уште и Бујар Ајрулаи и Даниела Ѓоршевска од МВР, како и Марјан Кицев и Борче Ѓуровски од полицискиот синдикат. Останатите членови се Ивона Јовчевска од УБК, Маја Смилевска и Снежана Арсовска од правниот сектор на МВР.

.

Извор: https://www.alsat-m.tv/mk/