ЈА „ЗДРМА“ НБА: Кајри Ирвинг одбил да остане во Селтикс за 19 милиони евра за една сезона, сега е слободен агент!

во категоријата Спорт

Шокантна вест од Бостон, Кајри Ирвинг, еден од најдобрите плејмејкери во НБА одбил да остане во Селтикси и со тоа одбил договор вреден 19 милиони евра по сезона. А тоа значи дека сега Кајри, кој со Кливленд има шампионски прстен, е слободен агент и дека може да оди во било кој клуб.

Нешто слично како и Кевин Дурент. Се разбира дека трансфер –пазарот во НБА ќе биде супер интересен ова лето. Ирвинг и Дурент се едни од најголемите супер-старови на планетава.

Извор: https://sportmedia.mk/