Јазот помеѓу сиромашни и богати

во категоријата Економија

Во Македонија се потребни повеќе инвестиции во образованието, здравството, социјалата политика, за капитализмот да биде добар за сите. Ова е едно од клучните заклучоци на денешната средба помеѓу македонските власти и претставници на меѓународните финансиски институции. Јазот помеѓу богатите и сиромашните е глобален проблем кој се продлабочува, а нееднаквоста може да се намали само со реформи и вложување во човечкиот фактор.

Владата има навистина амбициозна реформска агенда и навистина може да се забележат резултати, изгледите на земјата за влез во ЕУ и НАТО се подобрени, но и на економско ниво, бизнисот, деловното окружување, образованието. Сметам дека преминот од рамен данок кон прогресивен данок е позитивен чекор кон обезбедување еднаквост -изјави Антони Де Ланој – извршен директор на ММФ.

Еден од приоритетите на владата според министерот за финансии Драган Тевдовски е намалување на нееднаквоста на граѓаните. Тевдовски тврди дека владата го средила системот на финансии. Според него сега стабилизиран е јавниот долг, а власта водела и политики за подигнување на стандардот на граѓаните.

Фискална транспарентност обезбедивме, ако порано тоа беше една од темите за што се критикуваше ние сега заради различни мерки кои на број се 15 кои ги преземавме и за планирањето и за извршувањето ја обезбедивме фискалната транспарентност – изјави Драган Тевдовски, министер за финансии.

Високите претставници на ММФ и Светска банка упатија и пофални зборови за реформскиот процес на земјава и борбата против сиромаштијата. Сепак, јазот помеѓу богатите и сиромашните во земјава иако статистички е во минимално опаѓање, во реалноста е огромен. Во време кога над 130 илјади граѓани месечно заработуваат минимална плата од 12 илјади денари, месечната плата пријавена во УЈП на еден скопјанец во 2017 – та година изнесувала нешто над 200 милиони денари.

Иле Петрески

.

Извор: https://www.alsat-m.tv/mk