Шпанската федерација почна да го „чешла“ трансферот на Гризман во Барса!

во категоријата Спорт

Фудбалската федерација на Шпанија отвори истрага по повод тврдењата на Атлетико (М) дека барселона им должи 80 милиони евра од трансферот на Антоан Гризман.Клубот од Мадрид, минатата недела издаде соопштение во кое тврди дека не е се како што велат од Барселона, па сега ја повикаа Федерацијата да направи проценка на трансферот на Французинот.

Гризман минатата сезона потпиша нов 5-годишен договор со Атлетико (М), во кој имаше откупна клаузула од 200 милиони евра. Таа цена на 1 јули падна на 120 милиони, колку то барса им плати на „јорганџиите“, но Атлетико тврди дека тоа и не оди баш така.

„Сумата од 120 милиони евра не е доволна за да се исполни обврската за откуп на договорот, бидејќи очигледно е дека играчот со Барселона се договорил многу претходно пред цената да падне на 120 милиони. Раскинот на договорот се случи пред крајот на минатата сезона и тоа само поради однесувањето на играчот. И тогаш почнавме процедура за да ги одбраниме нашите интереси“, стои во соопштението од Атлетико (М).

Извор: https://sportmedia.mk/