Шпанија во дилема: Дали овој гол е регуларен?

во категоријата Спорт

Врз играчот Руло беше направен прекршок, а тој го изведе слободниот удар со тоа што шутна кон својот голман не знаејќи дека тој е застанат на страна. Топката заврши во неговата мрежа, а судијата го призна погодокот за водство на каталонската екипа.

Но дали голот е регуларен или не? Токму тоа прашање се поставува во Шпанија деновиве. А одговорот може да се најде во правилникот на ФИФА во делот за слободни удари.

Во овој случај играчот изведува слободен удар и шутира кон сопствениот гол и притоа никој друг не ја допира топката која завршува во голот, па судијата во оваа ситуација требало да им ја додели топката на противничкиот тим.

 

Извор: https://sportmedia.mk/