Шкупи со нов тренер ги дочекува кратовци: Булент Акин ќе дебитира со Силекс

во категоријата Спорт

Минатата недела заврши фамата на Чаир кој ќе биде наследникот на Умит Каран. Откако во последен момент отпадна Махмуд Алпаслан, на клупата и дефинитивно седна Булент Акин, Турчинот кој некогаш беше познат фудбалер.

Паузата ја искористи да се запознае со екипата, клубот, играчите. Шкупи под негово водство одигра две пријателски средби и двете ги доби, но она вистинското за Акин допрва доаѓа.

Имено во сабота пред фановите на Шкупи и официјално ќе го има своето деби како стратег, имено на Чаир доаѓа Силекс. Потоа во среда, исто така на Чаир, доаѓа Вардар. На овие два меча ќе се види вистинската слика на Шкупи под водство на новиот стратег Булент Акин.

Извор: https://sportmedia.mk/