Шишковски пред 68.соседска пресметка: Имаме мотиви, имаме квалитет да го победиме Вардар!

во категоријата Спорт

По речиси две години Дамјан Шишковски, репрезентативниот голман одново ќе се најде како учесник во соседските дербија.  Тој се врати во Работнички и е најголемото засилување во клубот од Градски парк. За тоа што може да се очекува од утрешната соседска пресметка бр.68, голманот на „романтичарите“ потенцира…

„Па, очекувам уште едно интересно дерби, старо скопско дерби во кое нема фаворити и аутсајдери. Можеби Вардар е во мала предност зошто тој тим веќе 1.5 година игра заедно, додека кај нас нов е речиси целиот тим. Работнички утре ќе го даде својот максимум, ние имаме мотиви, имаме квалитет да го победиме Вардар. Ќе истрчаме на теренот пред скопската публика утре на Арената со цел да одиграме најдобро што можеме и со цел да дојдеме до што подобар резултат. Вардар ќе биде под притисок, тие три бода мора да ги освои, но и нам бодовите ни се неопходни. Затоа ќе се игра без калкулации, и од двете страни ќе се атакува на победата. А тоа значи голем меч, големо дерби, како и повеќето кога играле Вардар и Работнички. Нема да биде изненадување ако решава една шанса, еден гол, една грешка“.

ОВА Е НЕКОЈ НОВ РАБОТНИЧКИ…

Интересно е тоа што во овие две години откако Шишковски си замина од клубот, речиси целата екипа е нова.

„Но тоа не значи дека не поседуваме квалитет. Имаме доста млади, еве сега имаме тројца – четворица во У-18, кои нема да бидат со нас на утрешниот дуел. Реков и кога се вратив во Работнички. Овој клуб без разлика на играчите кои играат мора да има европски амбции, па затоа и се вратив во Градски парк. А ние имаме 20 играчи со подеднаков квалитет, ни треба време само да се воиграме и се ќе биде како што треба“ вели за СПОРТМЕДИА Дамјан Шишковски.

Извор: https://sportmedia.mk/