Чавушоглу: „S-400 е завршена работа, не е во прашање одложување или запирање“

во категоријата Свет

АНКАРА (АА) – Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, истакна дека моментално во нивната агенда нема, ниту е во прашање одложување или запирање на купувањето на воздушниот одбранбен систем „С-400“, јавува Anadolu Agency (AA).

Чавушоглу по неговата средба со Анѓел Тилвар, претседателот на Комисијата за европски прашања при Претставничкиот дом на Романија, одговараше на новинарски прашања.

Шефот на турската дипломатија нагласи дека по тврдењето на Соединетите Американски Држави (САД) дека воздушниот одбранбен систем „S-400“ претставува закана за „F-35“ и системите на НАТО, Турција дала препорака за формирање на заедничка работна група.

„Рековме дека во оваа комисија треба да биде присутен и НАТО“, додаде Чавушоглу.

Тој рече дека со американската страна размениле мислења за формирањето на оваа комисија, како и за нејзината цел.

„Се наоѓаме во оваа фаза; моментално не е во прашање одложување или запирање. Не е во агенда. Доколку постои ваква работна група, ние би сакале да ја започнеме и водиме без предуслови“, истакна турскиот министер за надворешни работи.

Чавушоглу нагласи дека експертите треба да одлучат дали тврдењата или загриженостите на САД се точни.

„Ние веруваме во себе во оваа насока. Затоа дадовме ваква конструктивна препорака. Ако САД веруваат во себе, како што реков и претходно, треба да го прифатат овој наш предлог“, додаде тој.

Турскиот министер за надворешни работи рече дека продолжува разменувањето на мислења меѓу Турција и САД во оваа насока, и дека сè уште не е нешто конкретизирано.

„Зошто ние да зборуваме за одложување? Одложувањето нема врска со овој процес. Ова е договор кој е завршен. Моментално не е време да разговараме за темата за одложување. Оваа комисија би работела и би подготвила извештај, а потоа ние ќе го процениме тоа. Со овие предуслови, не можеме да стигнеме никаде“, истакна Чавушоглу.

Тој нагласи дека предлогот на Турција е добронамерен и конструктивен.

„Доколку САД се конструктивни и добронамерни, тогаш тие би го прифатиле нашиот предлог, и експертите би го процениле предлогот за кој станува збор“, додаде шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу.



. (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: https://www.aa.com.tr/mk/