Цуцули раскина со Кукс, во потрага е по нов клуб

во категоријата Спорт

Ардијан Цуцули, поранешниот македонски репрезентативец го напушти Кукс по само една сезона во албанскиот шампионат и сега е слободен фудбалер.

„Веќе не сум дел од Кукс. Сакам да им се заблагодарам на сите за поддршката , од играчите, до тренерите и раководителите на клубот, а посебно до навивачите кои секогаш беа со нас и ни помогнаа да освоиме трофејот од Купот“, изјави Цуцули.

Неофицијално, 32-годишниот дефанзивец имал разговори со косовските ФК Приштина и Дрита но безуспешно.

Цуцули ја почна кариерата во Велазерими, па долго време играше за Шкендија, кратко беше дел од Победа и Милано, една сезона играше за Партизани Тирана, па се врати во Шкендија, а лани отиде во Кукс. За македонскиот национален тим одигра шест натпревари.

Извор: https://sportmedia.mk/