Хуманост на дело: Роналдо уплати 1,5 милион евра за сирачињата во Палестина

во категоријата Спорт

Кристијано Роналдо уште еднаш ја потврди својата големина и хуманост. Како што објавија бројни медиуми, Португалецот уплатил 1,5 милион евра на сметката на добротворан фондација која се грижи за сирачињата од појасот Газа. Тие растат во исклучително тешки услови, без храна и потребни средства за секојдневен живот.

Роналдо на овој начин ќе се обиде барем донекаде да помогне со решавање на проблемот. Тој и претхондо помагаше за децата од Палестина, откако во 2012 година на аукција ја продаде Златната копачка за 1,5 милион евра и средствата веднаш ги префрли на изградба и реновирање на училишта во Палестина.

Извор: https://sportmedia.mk/