Хуманитарна изведба на претставата „Ревизор“ на ФДУ

во категоријата Култура

Студентите по актерска игра од четврта година на Факултетот за драмски уметности вечер ќе ја изведат на претставата „Ревизор“. Влезот на претставата е со донации во висина од можностите и желбата на посетителите.

Средствата што ќе се соберат ќе и бидат предадени на Снежана Караџовска, која во сообраќајна несреќа ги изгуби двете нозе над колена. Таа треба да направи операција во болницата „AOFE“ во холандскиот град Утрехт, каде што ќе добие протези и обука за кликпротези и ќе може повторно да прооди.

На влезот во салата, пред почетокот и по завршувањето на претставата, ќе биде оставена кутија, каде посетителите ќе можат да ги донираат средствата.

Тие кои не се во можност да дојдат на изведбата на претставата, а сакаат да донираат, тоа можат да го направат на телефонските броеви: 070 143-191 (Телеком) и 078 143-478 (Вип). Средства може да се уплатат и на жиро сметка: За Македонија – Снежана Караџовска Скопје, денарска жиро сметка: 300-007016373883, Комерцијална банка АД Скопје, цел на дознака-лекување во странство. За странство – Snezana Karadzovska ul. Ograzden br. 4/1-9, 1000 Skopje, IBAN MK07300307010243080, BIC/SWIFT CODE: KOBSMK2X, Komercijalna banka AD Skopje Macedonia.

Претставата „Ревизор“ е испит по предметот актерска игра 4 на студентите од катедрата за драмски актери-четврта година во класата на проф. М-р. Мими Таневска и дем. Ангелчо Илиевски.

Ликовите ги толкуваат: Антон Антонович – Томислав Давидовски, Ана Андреевна – Стефанија Митовска, Марија Антоновна – Наталија Ристеска, Лука Лукич Хлопов – Благој Јовановски, Амос Фјодорович Лјапкин Тјапкин – Виктор Велевски, Артемиј Филипович Земљаника – Исмет Шабановиќ
Иван Кузмич Шпекин – Стефан Спасов, Петар Иванович Допчински – Дарко Ристовски, Петар Иванович Бопчински – Марјан Наумов, Иван Александрович Хлестаков – Кристијан Танчевски
Февроња Петровна Пошљапкина – Елена Кузманов, Подофицерката Ивановна – Ана Димитрова.

Претставата „Ревизор“ беше наградена за најдобра претстава на фестивалот „Dioniz 2018“, што се одржува во Џаково, Хрватска.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Извор: https://1tv.mk/