Хорор на ЕП А Дивизија: Србите нападнати со нож, велат дека Албанец ги бркал

во категоријата Спорт

Европското првенство А Дивизија кое викендов ќе заврши, а на кое настапува македонската кадетска репрезентација за Србите доби поинаков тек. Денешниот ден беше слободен, па селекцијата на нашиот северен сосед, како и останатите одлучи да прошета низ Удине, градот домаќин.

Како што велат и пишуваат Србите, Албанец им пришол на младите кошаркари, најпрво порачал дека Косово е Албанија, а потоа извадил нож и почнал да ги брка играчите.

Потпреседателот на српската кошаркарска федерација, Игор Ракочевиќ, кој е со селекцијата во Италија ја потврдил оваа случка.

„Нашите деца по напорната работа добија слободно време да проштаат низ градот. Ние сме екипа, сите заедно излеговме надвор, секако со маички во знакот на нашата репрезентација. Еден Албанец на велосипед не препозна, прво не провоцираше потенцирајќи дека Косово не е Србија, туку е Албанија. Не пратеше и навредуваше, а потоа кога влеговме во помали улички, застана, извади нож и тргна по нашите деца. На голема среќа успеаја веднаш да побегнат во хотелот“, вели Ракочевиќ за српски курир.

Градоначалникот на Удине веднаш пристигнал во хотелот, а полицијата работи на решавање на случајот.

Извор: https://sportmedia.mk/