Харадинај: Царините остануваат до меѓусебно признавање со Србија

во категоријата Регион

29 ноември 2018 / 15:23

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај рече дека тарифата поставена за Србија ќе остане во сила сè додека двете земји не постигнат сеопфатен конечен договор за меѓусебно признавање.
„Оваа одлука, иако се проценува како дневна политика, планирајте дека може да остане многу подолго, сè додека Србија не го признае Косово, èе додека нема општ договор меѓу двете земји“, рече Харадинај.
Сепак, тој додаде дека 100 процентната царина за увоз на српски производи не е насочена против косовските Срби и ги повика институциите да им помогнат на српските жители на северот и на југот. Но, Европската унија и САД побараа од косовската влада да ја укине високата тарифа. Властите во Белград предупредија на евентуална хуманитарна криза во Северно Косово.
Претходно, четворицата градоначалници на српските општини во тој дел на земјата поднесоа колективна оставка и ја прекинаа комуникацијата со институциите во Приштина.

Извор: http://www.alsat-m.tv/mk/