Фудбалер на Лион доаѓа во Тотенхем за 62 милиони евра

во категоријата Спорт

Според последните информации, Тотенхем е близу до потписот на Тангај Ндомбеле од Лион. Францускиот тим не сакаше да го продаде својот играч се до вчера кога се засилија со 21-годишниот Лукас од Фламенго.

Ндомбеле минатата сезона одигра 49 натпревари во дресот на Лион и постигна три гола, во последните неколку месеци многу клубови беа заинтересирани за неговите услуги.

Тотенхем во претходните два преодни рока не купи ниту еден играч, челниците на клубот сметаат дека понудата од 62 милиони евра ќе биде примамлива за Лион.

Извор: https://sportmedia.mk/