ФУДБАЛЕР АЛЕРГИЧЕН НА ТРЕВА: „Кога ќе паднам на тревата веднаш се исфрлам по телото“

во категоријата Спорт

Еден од фудбалерите на Ајнтрахт (Ф), Дани Да Коста, има сериозна алергија на трева и секогаш кога ќе падне на теренот, тоа за него е исклучително лошо. Во интервју за германските медиуми, Дани вели дека проблемот му пречи, но секогаш бара начин да му се посвети максимално на она што се случува на теренот.

„Ако паднам и дојдам во контакт со тревата, веднаш имам осип на кожата. Затоа и секогаш играм со дрес со долги ракави или имам дополнителна маица со ракави под дресот. Не знам од каде доаѓа оваа алергија, како дете имав невродерматитис, но не мислам дека тие се сродни работи” .

Дека алергијата не е наивна, Да Коста вели дека некогаш осипот знае да предизвика неподносливо чешање.

„За среќа, чешањето на нозете е подносливо, но на другите делови како рацете, стомакот и грбот, едноставно не се трпи“, вели фудбалерот на Ајнтрахт Франкфурт.

Извор: https://sportmedia.mk/