Фуат Октај: „Турција никогаш нема да дозволи ’терористички гнезда‘ во близина на своите граници“

во категоријата Свет

КАХРАМАНМАРАШ (АА) – Потпретседател на Турција, Фуат Октај денес изјави дека неговата земја никогаш нема да дозволи ’терористички гнезда‘ во близина на своите граници, јавува Anadolu Agency (AA).

„Безбедноста на нашите граници е наша гордост и ние никогаш нема да дозволиме таму да постојат терористички гнезда“, изјави Октај во јужната област Кахраманмараш.

Тој додаде дека терористите кои се обидуваат да ѝ постават закана на Турција за нејзините јужни граници, нема да бидат во можност да побегнат од „трагичниот крај“, кој ги чека.

„Турција се бори да ги елиминира терористичките организации и оние кои ги поддржуваат“, изјави тој.


Извор: https://www.aa.com.tr/mk/