Индонезиските спасувачи и пожарникари сè уште трагаат по 16 лица кои се водат како исчезнати, откако голем пожар кој доцна синоќа започна во складиште со гориво во главниот град на Индонезија, Џакарта, се прошири кон куќи и згради кои се наоѓале во близина. Досега пријавени се 18 загинати лица, меѓу кои има и деца, а 40 се повредени, од кои некои се наоѓаат во критична состојба. Шефот на индонезиската полиција Листјо Сигит Прабово изјави дека повеќе од 1 300 луѓе се раселени и се сместени во 10 владини канцеларии, командното место на Црвениот крст и спортскиот стадион.
Околу 260 пожарникари со 52 противпожарни возила го изгаснаа пожарот нешто повеќе од два часа по неговото избувнување, соопштија пожарникарите.
Извор: 360stepeni.mk