(ФОТО) Тело исчезнато пред 22 години пронајдено благодарение на „гугл мапс“

во категоријата Свет

Посмртни остатоци од маж исчезнат пред дваесет години на Флорида се пронајдени во еден потонат автомобил забележан на апликацијата „Гугл мапс“.

Како што пренесува Би-Би-Си, Вилијам Молд (40) од Лантана, на Флорида, исчезнал 1997 година, кога вечерта, по излегувањето од дома, не се вратил во својот дом.

Според првичните претпоставки, се смета дека Молд загубил контрола над автомобилот и излетал од патот завршувајќи во блиското езеро.

 

.

Извор: https://www.alsat-m.tv/mk/