Тој заедно со младите од Српската напредна странка запалил повеќе од 200 факели во чест на роденденот на неговиот татко
Данило Вучиќ, синот на српскиот претседател Александар Вучиќ, со факелијада му го честиташе 53. роденден на својот татко на Ушче во Белград, во близина на споменикот на Вечниот оган, посветен на споменот на жртвите од бомбардирањето на НАТО на Србија во 1999 година.
Според пишувањата на медиумите, тој заедно со младите од Српската напредна странка запалил повеќе од 200 факели во чест на роденденот на неговиот татко.
Инаку, српскиот претседателот Вучиќ деновиве престојува во Катар каде што учествува на конференција организирана од ОН.
Тој вчера за своите следбеници на Инстаграм сподели дека добил торта за својот 53. роденден.
„Во Катар е речиси полноќ. Наутро одиме на состаноци во 7 часот и сакам да се одморам и добро да се подготвам. Меѓутоа, овие прекрасни дами, бидејќи не бев особено дружељубив, ми донесоа торта за мојот 53. роденден. Ви благодарам што сте тука 10 години и благодарам на сите што нема да успеам да им одговорам следниот ден. Верувам дека и овде во Катар ќе завршиме добра работа за нашата Србија! Да живее Србија“,
напиша Вучиќ на својот инстаграм-профил.
Извор: 360stepeni.mk