Трите бели лавчиња Луна, Ана и Хана кои се родија во Скопје ЗОО денеска го прославија првиот роденден и си добија „торта“ со нивните ликови.
– Нашите вработени се дружеа со дечињата од градинката „Светот на Колорес”, а музички роденденот го збогатија детските евровизиски претставници Лара и Јован и нашите пријатели од ДКЦ Карпош. Луна, Ана и Хана си добија најубава торта од своите негуватели, направена според нивната табличка за исхрана, а нашите гости уживаа во вкусната торта со ликовите на лавчињата и мама Бела, информира скопската зоолошка.
ИЗВОР: skopjeinfo.mk