Утрово избувна пожар во познат ресторан во центарот на Скопје.
– Денеска (13.03.) во 04.33 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.“Митрополит Теодосиј Гологанов“ настанал пожар во угостителски објект, при што опожарени биле внатрешноста на објектот и кровна конструкција. Повредени лица нема, велат од МВР за „Скопје Инфо“.
Како што соопшти МВР, на местото на настанот се излезени полициски службеници и Бригадата за противпожарна заштита.
Фотографијата може да се погледне ТУКА.
ИЗВОР: skopjeinfo.mk