(ФОТО) Инциденти на масовните протести во Атина поради трагичната железничка несреќа

1 min read

Дописничката на МИА од Атија јави дека инцитентите меѓу полицијата и група маскирани лица започнале пред грчкиот парламент и се прошириле низ улиците. Маскираните лица ја нападнале полицијата со молотови коктели и дрва, а полициските специјалци одговориле со шок-бомби и солзавец

По трагичната железничка несреќа во Грција во која загинаа 57 лица, десетици илјади луѓе денеска излегоа на улиците во Атина и во другите грчки градови за да го изразат нивиот бес за несреќата, но и да им оддадат почит на загинатите, кои главно се млади лица.

На улиците на грчката метропола денеска протестираа околу 30 000 демонстранти.

Масовниот протест во центарот на Атина заврши со инциденти и судири меѓу полицијата и групи маскирани лица.

Дописничката на МИА од Атија јави дека инцитентите започнале пред грчкиот парламент и се прошириле низ улиците околу плоштадот „Синтагма“. Маскираните лица ја нападнале полицијата со молотови коктели и дрва, а полициските специјалци одговориле со шок-бомби и солзавец.

Фото: EPA-EFE/ORESTIS PANAGIOTOU

Паралелно со инцидентите, непознати лица предизвикале и материјална штета на продавници, автобуски постројки, а запалиле и едно комбе.

Фото: EPA-EFE/YANNIS KOLESIDIS

Поради трагичната железничка несреќа, освен во Атина, протести се одржаа во над 70 градови во цела Грција.

Во протестите во Солун, вториот по големина град во Грција, се приклучија над 20 000 луѓе при што неколку десетици млади им пркосеа на полициските кордони.

Полицијата употреби солзавец во јужниот град Патра, каде што општински бенд претходно свиреше музика од погребниот марш додека ги водеше демонстрациите. Во централниот грчки град Лариса, во близина на местото на железничката несреќа, демонстрантите држеа црни балони и извикуваа „Нема добивка над нашите животи!“.

Железничката несреќа се случи на 28 февруари на северот на Грција во близина на градот Лариса при што патнички воз со 350 патници се судрил со товарен воз кој сообраќал по истата пруга во спротивен правец. По судирот избувнал пожар. Во несреќата загинаа 57 луѓе, главно млади лица во своите дваесетти години.

Шефот на железничката станица во Лариса беше обвинет за убиство од небрежност и други кривични дела поради тоа што ги насочил двата воза на иста пруга, но во различна насока.

Несреќата предизвика јавно незадоволство и масовни протести поради состојбата на грчката железничка мрежа.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

ДА НЕ СЕ ПОВТОРАТ УНИШТУВАЊАТА ВО ВЛАХО И ЛАГАДИН, ВЕЛИ МИНИСТЕРКАТА ЗА КУЛТУРА КОСТАДИНОВСКА-СТОЈЧЕВСКА

Следно

Штетите од разорните земјотреси во Турција изнесуваат околу 80 милијарди долари

Latest from Blog