ФОТО: Антиќ и Гечевски донираа кошаркарска опрема за КК Пробаскет во Пробиштип

во категоријата Спорт од

Кошаркарските легенди Перо Антиќ и Тодор Гечевски денес им донираа спортска опрема, табла и баскет на членовите КК Пробаскет од Пробиштип. Со овие подароци тие директно помогнаа за подобрување на условите за тренинг и натпреварување.
Антиќ и Гечевски ги прими градоначалникот на Пробиштип, Драган Анастасов, а потоа поранешните репрезентативци се дружеа со најмладите кошаркари.
Оваа иницијатива е за секоја пофалба и младите момчиња и девојчиња од Пробиштип нема никогаш да ја заборават средбата со легендите. 

Извор: https://www.gol.mk/