Фотогалерија„Олимпија Хале“ блеска, „Фалангата“ пак ќе биде најбројна

во категоријата Спорт

Легендарната „Олимпија хале“ во Минхен е нова арена на мапата на националниот тим. Денес за првпат ќе играме во овој легендарен објект, каде што уште четири пати ќе се интонира нашата химна и ќе се слуша песната на „Фалангата“. Оваа арена е во склоп на Олимпискиот парк, собира 15.500 места, но за потребите на Светското првенство ќе биде намален капацитетот на нешто повеќе од 12.000 места. Салата е пуштена во употреба во август 1972 година, а последен пат е реновирана во периодот меѓу 2007 и 2009 година. Во оваа арена се играат натпревари во хокеј, кошарка, некогаш и одбојка, а овој јануари ќе бидат одиграни вкупно 15 натпревари.

Извор: https://www.gol.mk/