Спасувачките екипи цела ноќ беа на терен, нивната акција продолжува и утрово, а според официјалните информации од Противпожарната служба на Грција, заклучно со 6.30 часот, бројот на загинати достигна до 32 лица, додека од повредените 85 патници, 53 се хоспитализирани
Најмалку 32 лица го загубија животот, а 85 се повредени во железничката несреќа што се случи кусо пред полноќ во близина на месноста Темпи кај грчкиот град Лариса, кога од засега непознати причини се судрија товарен и патнички воз.
Спасувачките екипи цела ноќ беа на терен, нивната акција продолжува и утрово, а според официјалните информации од Противпожарната служба на Грција, заклучно со 6.30 часот, бројот на загинати достигна до 32 лица, додека од повредените 85 патници, 53 се хоспитализирани.
Причината за несреќата и понатаму е непозната, а како што соопштија од компанијата „Hellenic Train“, возот со околу 350 патници што сообраќал на релација Атина – Солун директно се судрил со товарен воз.
Од директниот судир, вагоните излетале од шините, по што избил и пожар.
Портпаролот на Противпожарната служба на Грција Василиос Ватракојанис утрово соопшти дека акцијата е фокусирана на првите два вагони кои што се превртени, а се интервенира со помош на четири специјални кранови.
Паралелно во тек е и процесот на идентификација на жртвите.
Извор: 360stepeni.mk