(ФОТО+ВИДЕО) Голем верижен судир кај Будимпешта – учествувале 42 возила, десетици се повредени

1 min read

Во масовната несреќа, како што објави унгарската телевизија РТЛ повикувајќи се на полициски извештај, повредени се 36 лица, од кои 13 потешко. Еден од повредените е во животна опасност и е пренесен в болница

Засега не е познато што ја предизвикало несреќата, но полицијата е на терен и го истражува случајот

Вкупно 42 возила, од кои пет камиони и 37 автомобили, учествувале во голем верижен судир што денеска се случил на автопат кој води до главниот град на Унгарија, Будимпешта.

Според информациите што ги објави унгарската телевизија РТЛ, при судирот биле опожарени 19 автомобили, едно комбе и кабината на возачот на еден од камионите кои учествувале во судирот. Во гасење на пожарот и пребарување на автомобилите учествувале околу 70 пожарникари од седум града.

Фото: EPA-EFE/Peter Lakatos

Во масовната несреќа, како што објави РТЛ повикувајќи се на полицискиот извештај, повредени се 36 лица, од кои 13 потешко. Еден од повредените е во животна опасност и е пренесен в болница.

Фото: EPA-EFE/Peter Lakatos

Неколкумина од повредените од местото на несреќата биле пренесени во болница со хеликоптер на Итната медицинска помош.

Фото: EPA-EFE/Peter Lakatos

Масовниот верижен судир се случил во денеска околу 14:30 часот во близина на селото Херцегалом на делницата од автопатот М1 од страната што води до главниот град на Унгарија.

Во моментов автопатот е затворен во двата правци.

Се претпоставува дека причина за несреќата бил силен ветер кој со себе носел прашина и со тоа била намалена видливоста, но засега нема официјална потврда за ваквите наводи.

Полицијата е на терен и го истражува случајот.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Дориан Бабунски беше избран за играч на месецот во Унгарија

Следно

ВЕЧЕРВА НА ОВА МЕСТО ВРНЕ СНЕГ СРЕДЕ МАРТ – зимата уште долго ќе биде присутна на овие места во Македонија (ВИДЕО)

Latest from Blog