Формите на градот низ очите на младиот уметник Марко Вујисиќ

во категоријата Култура

Гостин во отвореното Студио 1 беше Марко Вујисиќ, млад уметник, кој веќе ја одржа својата втора самостојна изложба насловена „Формите на градот“.

-Инспирацијата беше градот Скопје и градови што сум ги посетил. Гледам форми и композиции каде и да одам и оние бои што ме прават среќен. Сакам градот да го претставам со бои, да не биде некој сив град како што го гледаат останатите. Тоа доаѓа спонтано. Секогаш сум користел такви бои, а повеќето се урбани пејсажи, рече Вујисиќ.

На прашањето што му недостига на Скопје во споредба со други градови, Вујисиќ вели дека исцртување на мурали би можело да помогне.

-Недостига модерна архитектура, не се разбирам толку ама може да помогне исцртување на мурали. Во Европа тоа е доста применето. Не може да се легализираат графити, тоа би било премногу, но може да одиме напред со уличната уметност, вели Вујисиќ.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Извор: https://1tv.mk/