УO на ФФМ даде „зелено светло“: Започнуваат активностите за изградба на трибина и реконструкција на стадионот Чаир

во категоријата Спорт

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за започнување на активностите за реконструкција и изградба на трибина на стадионот „Чаир“ во Скопје откако претходно, ФФМ склучи договор за реконструкција на стадионите „Чаир“ во Скопје и „Билјанини извори“ во Охрид со соработка со општините, а преку програмата за развој на УЕФА.

-Ова се крупни проекти од исклучително значење, но и дополнителен импулс за локалната самоуправа, сѐ со цел да обезбедиме убава иднина за нашиот фудбал. Се обидуваме да помогнеме секаде и на секаков начин и искрено се надевам дека тоа ќе го направиме според договореното и согласно нашите и принципите на УЕФА, изјави претседателот на ФФМ, Мухамед Сејдини по официјализирањето на соработката со општините.

На седницата на Управниот одбор на ФФМ беше донесен календарот за натпреварувачката сезона 2020/2021.

Во рамки на промовирањето на ЕУРО 2020, а по препорака на УЕФА, Фудбалската федерација на Македонија ја поддржа промотивната кампања за Европското првенство 2020 преку “Pro evolution soccer 2020„ новата видео игра на Конами, каде ќе биде вклучена и најдобрата македонска репрезентација.

Извор: https://sportmedia.mk/