Уште една НБА ѕвезда не сака да игра за САД на СП во Кина

во категоријата Спорт

Уште една кошаркарска ѕвезда од НБА лигата се повлече од настап за селекцијата на САД на Мундобаскетот ова лето во Кина. По Џејмс Харден вчера, денеска и Си-Џеј МекКолум објави дека нема да игра за Американците на светското првенство.

Според информациите во американските медиуми, МекКолум се одлучил да се фокусира на она што го очекува следната сезона со екипата на Портланд. Тој е веќе четвртиот играч од составот на САД кој се повлекува од репрезентацијата пред Мундобаскетот. Пред него тоа го направија и Ентони Дејвис, Џејмс Харден и Ерик Гордон.

Извор: https://sportmedia.mk/