УС Опен без некогашниот шампион

во категоријата Спорт

По Енди Мареј уште еден тенисер го откажа настапот на УС Опен. Станува збор за Аргентинецот, Хуан Мартин дел Потро, кој не успеа да се опорави од повредата на коленото која ја обнови во јуни. Тој претходно го пропушти Вимблдон.

Откако во 2009 година го освои УС Опен, 30-годишниот тенисер мораше да изврши три интервенции на зглобот на левата рака, еднаш на десната, но се враќаше на терените.

Минатата година стигна до финалето на УС Опен, а потоа го освои Индијан Велс, но поради повреда на коленото најави дека размислува на завршување на кариерата.

УС Опен стартува на 26. август во Њујорк.

Извор: https://sportmedia.mk/