Условна казна и препорака за медицинска помош за манијакот кој се самозадоволуваше пред девојки

1 min read

Манијакот кој се самозадоволуваше во автобуси на ЈСП и пред влезови на згради, С.А. на рочиштето призна вина, по што доби условна казна и препорака за медицинска помош.

Неговата најмлада жртва е 19-годишна девојка, додека највозрасната имала 24 години, а за време на рочиштето судијката му кажа дека треба да им се извини на оштетените девојки.

– Признавам дека ги сторив кривичните дела, многу се каам, се извинувам, кажа обвинетиот.

Судијката го праша дали му е јасно дека треба да плати трошоци и отштета ако некоја девојка го побара тоа и дали доброволно ги признава делата.

– Јасно ми е, да. Со мозокот не бев добар, посочи С.А.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

Претходно

Русија: Билатералните односи со соседна Украина во иднина се неизбежни

Следно

Напаѓачот во Хамбург бил поранешен Јеховин сведок

Latest from Blog

Соопштение за јавност 30.3.2023

На денешната прес конференција во Градот Скопје, градоначалничката Данела Арсовска ги презентираше предложените точки кои се