Украл возило, бил сопрен, па при приведувањето ги нападнал полицајците

во категоријата Македонија

На 21.07.2019 полициски службеници го привеле О.А. (29) од  Скопје поради извршена кражба на возило. Веднаш по добиена пријава од Е.К. Г. (33) дека во близина на трговски центар во Скопје му е одземено возило „БМВ Х5“, преземени се соодветни мерки и возилото е сопрено на крстосница од ул.„Жан Жорес“ со ул.

„Благоја Стефковски“, а О.А. е приведен. При приведувањето О.А. физички нападнал полициски службеници, но бил приведен во ПС Гази Баба и против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Извор: https://tv21.tv/