Ужасни фотографии од регионот: Во БИХ наредена евакуација, водата носи мостови, жителите водат битка со водeните наноси

во категоријата Регион

Поплавите на територијата на БИХ кои се случуваа во текот на минатата ноќ, ги оставија жителите будни и на готовс да се борат со оваа стихија. Полицијата во федералната општина Добој Југ прогласи вонредна состојба и нареди евакуација поради изливањето на водата од коритото на реката Усор. Во околината на Тузла, најкритично е во Ораховица и во Бановиќ Село, додека во Челинце река однесе пешачки мост.

Во 2014 година реката Сана беше 3.85 метри и тогаш беше критично, а сега најновите мерења покажуваат дека реката го прејде и четвртиот метар. Цивилната заштита на БИХ јавува дека ситуацијата е под контрола, но истакна дека е тешка.

Исто така проблеми со водостојот на реките има и во Хрватска. Вчера во главниот град Загреб две лица беа повредени од силниот ветер и силните врнежи од дожд. Поплавени се неколку села во околината на Карловац како и во општината Плитивчки Езера.

Извор: https://tv21.tv/mk