Уапсен еден од главните програмери на Асанж

во категоријата Свет

Соработник на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, уапсен е на аеродромот во главниот град на Еквадор, Кито. Министерката за внатрешни работи на Еквадор наведе оти имаат докази дека приведениот одржувал контакти со поранешниот министер за надворешни работи на таа земја, Рикардо Патино.

Според нејзините зборови, властите имаат информации дека приведеното лице е блиско со Асанж и оти имала свој „придонес во обиди за дестабилизација во Еквадор, со цел да им се нанесе штета на властите“.

Соработникот на Асанж е приведен при обид да влезе во авион за Јапонија. Британскиот весник, „Дејли експрес“ пишува дека станува збор за шведски државјанин со име Ола Бини.

Неговото апсење следува откако вчера во амбасадата на Еквадор во Лондон беше уапсен основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, откако екваторските власти му го укинаа азилот одобрен во 2012 година.

.

Извор: https://www.alsat-m.tv/mk/