Турција: Фатени 93 нерегуларни мигранти во Чанаккале

во категоријата Свет

ЧАНАККАЛЕ (АА) – Во подрачјето на Ајваџик, кај турскиот град Чанаккале, фатени се 93 нерегуларни мигранти кои се обиделе на илегален начин да преминат на грчкиот остров Лезбос, пренесува Anadolu Agency (AA).

Турските сили на отворени води кај местото Ќучуккују откриле група луѓе во гумени чамци.

Во рамки на акцијата извршена во ова место, фатени се 51 нерегуларен мигрант со потекло од Сирија.

Исто така, извршена е и втора акција во местото Бурунџу, каде што се фатени вкупно 42 нерегуларни мигранти, од кои 40 се со потекло од Авганистан и двајца со потекло од Египет.

Нерегуларните мигранти првин се донесени во Командата за крајбрежна безбедност во Ќучуккују, каде што добија помош од храна и облека, а потоа се пренесени во Центарот за враќање на странци во Ајваџик.



. (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: https://www.aa.com.tr/mk/